Хауард му се „пушти“ на Јокиќ: Бетмен доаѓа по тебе, Џокеру! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра уште еден одличен меч во победата против Лос Анџелес Лејкерс, а Двајт Хауард не успеа да го запре еден од најдобрите играчи на Денвер нагетс.

Во вториот меч Хауард го провоцираше Јокиќ со неговиот физички изглед, а сега реши да го нападне на поинаков начин.

„Бетмен доаѓа по тебе, Џокеру“, викаше Хауард кон Јокиќ во првата четвртина, но тоа на крајот му се одби од глава.

Американските медиуми потсетуваат дека нешто слично се случи меѓу Пол Милсап и Маркус Морис, а сите знаеме како заврши таа серија.