Хаверц: Ќе станам најголем навивач на Тотнем!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Германскиот фудбалер Каи Хаверц игра одлично во дресот на Арсенал и се бори за титулата со Манчестер сити во Премиерлигата.

Арсенал во моментов мора да се надева на помош од градскиот ривал Тотнем во дербито против Манчестер сити.

„Одлично е да се биде во борба за титулата, мора секоја недела да играш на највисоко ниво. Ќе бидам најголем навивач на Тотнем кога ќе игра против Манчестер сити во вторник. Се надеваме на најдоброто“, кажа Хаверц.

Арсенал е прв со 86 бодови од 37 одиграни меча, додека Манчестер сити има еден бод помалку од 36 одиграни натпревари.