Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џордан Хендерсон се пресели во Ал Етифак од Саудиска Арабија, каде што игра македонскиот играч Дарко Велковски, а тренер му е Стивен Џерард.
Хендерсон потпиша договор на три години, а ќе заработува по 350.000 евра неделно, додека Ливерпул за трансферот ќе добие 13 милиони евра.
Англискиот фудбалер имаше одлична кариера во дресот со премиерлигашот со кој освои седум титули, а притоа настапи на 330 меча и постигна 29 гола.