Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон застана во заштита на фудбалерите и навивачите кои не сакаат да бидат дел од Суперлигата.
Хендерсон закажа состанок со екипите на сите клубови во Англија за да ја разгледаат моменталната ситуација за богатата Суперлига.
Шест членови од Премиерлигата се тимови кои ја создадоа лигата, а тоа се Челси, Тотенхем, Арсенал, Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Ливерпул.
Капитенот на „црвените“ се надева дека фудбалерите можат да го спречат рушењето на фудбалот, а по разговорот со капитените на премиерлигашите, се очекува нов состанок со капитените на тимовите од другите лиги.
Навивачите остро го осудија создавањето на Суперлига затоа што сметаат дека така ќе му се наштети на фудбалот.