Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ракометната репрезентација на Норвешка бележи фантастични настапи на ракометното Европско првенство.
Во завршницата на натпреварувањето репрезентацијата со која раководи Кристијан Берге не ќе може да смета на Магнус Род.
Десниот ек на Фленсбург се пожали на болка во стопалото на мечот против Швеѓаните, проба да игра и покрај болките, но не издржа. Прегледите покажаа дека се работи за сериозна повреда на стопалото, најверојатно фрактура, па Род во наредниот период ќе биде надвор од терените.
Ова е голем хендикеп и за Норвешка и за Фленсбург. Во досегашниот дел на Европското првенство Род постигна 12 голови од 20 обиди, а на тој учинок додаде и 3 асистенции.