Хенес најави „бомба“ од Баерн Минхен во Реал Мадрид?


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Реал Мадрид сè уште не завршил со трансфери за ова лето, односно се планира ангажирање на уште неколку играчи, а еден од нив најверојатно ќе биде Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен.

Ули Хенес зборуваше за иднината на Дејвис и кажа дека јасно му ставиле до знаење дека мора да го продолжи договорот, а ако не се случи тоа, тогаш ќе го стават да заврши.

„Му кажавме јасно дека ќе оставиме да истече актуелниот договор, доколку не реши да го продолжи. Нема повеќе да ги зема нашите пари“, кажа Хенес.

Засега не е познато дали Дејвис би можел летово да го засили шпанскиот гигант или ќе почека до следното лето кога ќе стане слободен агент.