Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ерата на Ули Хенес на претседателското место на Баерн Минхен заврши. Членовите на германскиот шампион синоќа избраа нов претседател, а довербата ја доби Хербер Хајнер.
Хајнер беше избран со 79 гласови и 34 воздржани на годишната седница на Баерн. Хенес дури 40 години беше дел од Баерн, но дојде време за промени.
Замина во солзи по емотивен говор, а кажа дека клубот мора да има трпение кога станува збор за промени. Инаку, Хајнер се смета за човек од доверба на Хенес.
Хајнер во претходните години како шеф на Адидас му помогна на Баерн, кој одамна ја носи нивната облека.
Извршниот директор Карл-Хајнц Румениге ќе го замени Оливер Кан, а во Управниот одбор се наоѓа и Хасан Салихамиџиќ.