Херојот и крвникот на Реал Мадрид поради кој беше воведена „клаузула на стравот“ (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Оваа сабота ќе се одбележат 20 години откако Монако го елиминираше Реал Мадрид, а Французите до победа ги предводеше еден од најдобрите напаѓачи во историјата на шпанскиот гигант, Фернандо Мориентес.

Мориентес постигна гол во првиот и вториот меч во четвртфиналето во кое Монако ги елиминира „кралевите“.

„Тоа не беше потврда, туку демонстрација дека сè уште сум добар фудбалер“, кажа Мориентес.

Многумина се прашуваат како „кралскиот клуб“ остана без таков напаѓач, а одговорот е во малата минутажа поради Бразилецот Роналдо.

„Не сакав трансфери но морав да заминам затоа што немав шанса да играм. Тогаш беше единствено решение да се замине на позајмица“, кажа поранешниот напаѓа.

Поразот на Реал имаше големо влијание врз него, а уште повеќе дека е дело на позајмен фудбалер.

Тоа значеше и воведување на „клаузула на стравот“, односно опција да не му се дозволи на фудбалер да игра против неговиот матичен тим.