Херојот на ЕП е желба на Баерн и Барселона, но неговата татковина е лута: Ти си предавник!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентативецот на Холандија, Дензел Думфрис во првиот меч од групната фаза постигна победнички гол (3-2) против Украина, а потоа во дуелот против Австрија постигна еден погодок и имаше асистенција.

Одличните настапи на Европското првенство (ЕП) ги натера гигантите да го следат секој негов чекор, а во прилог им оди и неговата откупна клаузула од само 15 милиони евра, па сега го сакаат Баерн, Барселона и Интер.

Думфрис е роден во Ротердам, но има потекло од островот Аруба, кој е дел од кралството на Холандија, па добил повик од нивната репрезентација за да заигра, но тој го одбил повикот.

„Тогаш го прашав дали сака да игра за нас, но тој ми одговори дека чека повик од Холандија. Тоа ни изгледаше како шега, зашто беше дете, но сега тоа се промени. Аруба е горд остров и затоа поради тоа веднаш го отпишаа како предавник“, вели помошник тренерот на АДО Ден Хаг, Франкен.