Херојот на „Панцирите“: Интер е мојот клуб од соништата…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Човекот кој го постигна погодокот за победата против Холандија го истакна Интер како негов омилен клуб.

Нико Шулц е човекот кој успеа со погодок во финишот на мечот да и донесе победа на Германија против Холандија, беше на крајот 3:2 во корист на бившиот светски шампион.

Овој 25-годишен лев бек на Хофенхајм истакна дека би сакал да игра во најсилните екипи на светот, и дека неговата желба е Интер.

„Играње на највисоко можно ниво е мој сон, а Интер е клуб кој е во моите сништа.

Сепак, јас сум мирен, веќе сум во голем клуб каков што е Хофенхајм и многу сум среќен тука. Ќе бидам среќен и да ме продадат“, истакна тој.

Инаку, Шулц потекнува од Италија, имајќи предвид дека биолошкиот татко му е роден во близина на Наполи.