Хесус се извини после „контроверзниот“ погодок


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Дуелот во 6.коло од Лигата на Шампионите помеѓу Динамо и Манчестер Сити му припадна, како што беше очекувано, на гостинскиот тим.

На Динамо победа им беше потребна за да го осигура пласманот во Европската лига, но Манчестер Сити покажа дека е премногу силен и без некои од своите најјаки звезд, па на крајот славеше со победа од 4:1.

Трите гола беа фантастично дело на Габриел Хесус, на кого Загрепчаните му замерија посебно за првиот гол кој беше постигнат кога двајца од фудбалерите на Динамо лежеа на земјата.

И покрај тоа што се воспостави дека тоа не било проблем, Хесус после натпреварот им се извини на играчите од Динамо.

„Не ги видов играчите кои лежат на земјата бидејќи бев свртен со грб. Сакам да им се извинам поради тоа што не видов.“, изјави Хесус после натпреварот, пишува МЕН.