Хисај го напушти Наполи?


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Елсеид Хисај го известил раководството на Наполи дека нема да го продолжи договорот со овој тим.

Овој фудбалер е во Наполи од 2015. година, а неговиот договор ќе истекува во јуни 2021. година кога ќе стане слободен агент.

„Веќе го известивме раководството на Наполи дека Хисај нема да го продолжи договорот и наша желба е тој да го напушти клубот“, рече неговиот агнет Марио Гуфреди.

Хисај има откупна клаузула од 50 милиони евра, но се однесува само на клубови кои не се од Италија и тоа е вистински проблем.

Сепак, тешко е да се верува дека Наполи ќе преземе ризик и дека ќе го пуштат овој фудбалер да замине на крајот на следната сезона како слободен агент.