Хит: Тренерот на Сосиедад на прес-конференција облече дрес и запеа навивачка песна! 🎥


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Сосиедад го освоија шпанскиот Куп за сезоната 2019/20 во мечот против Атлетик Билбао, кој неколку пати беше одложуван со надеж дека ќе биде одигран барем пред мала публика.

Но, вирусот го расипа тоа, па Фудбалската федерација на Шпанија немаше друга опција и не можеше повторно да го одложи мечот.

Сосиедад го освои трофејот со победата од 1-0, а трофејот ќе остане кај нив само две недели. Сепак, хит на интернет стана тренерот на Реал, кој облече дрес и запеа навивачка песна.