Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оклахома го трејдуваше својот најдобар кошаркар Расел Вестбрук во Хјустон рокетс, а во замена го добија искусниот плејмејкер Крис Пол, пиковите од првата рунда во 2024 и 2026, како и право на замена на пиковите од првата рунда во 2021 и 2025 година.
Новинарот на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски објави дека Вестбрук и неговиот менаџер заедно работеле со генералниот менаџер на Оклахома за да го реализираат трејдот.
Трејдот на Вестбрук доаѓа кратко по трејдот на Пол Џорџ во Лос Анџелес Клиперс и сега е јасно дека Оклахома сака да прави целосен ремонт на тимот.
Вестбрук се поздрави со навивачите на Оклахома, а сега се поставува прашањето дали ќе може да се вклопи во тимот со Џејмс Харден, со оглед на тоа дека станува збор за двајца кошаркари, кои не можат без топката во своите раце.