Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хјустон рокетс синоќа остварија тешка победа против Јута Џез со 104-101, а нивниот најдобар кошаркар Џејмс Харден имаше кошмарен старт на средбата.
Иако Харден има одлична сезона зад себеси, сепак синоќа едноставно не му одеше од рака на стартот, па мечот го отвори со дури 15 промашени шутеви по ред, а тоа никогаш не му се случило на никого во плеофот од НБА-лигата.
Сепак, Брадата мечот го заврши со 22 постигнати поени, односно 3 од 20 удари и дури 14 погодени слободни фрлања од 16.
Ужасната партија на својот соиграч ја „покрија“ неговите колеги, кои успеаа да направат доволна разлика за трет триумф во плејофот, па сега се на чекор од следното коло.