Хојлунд го брани Рашфорд: Тоа е врвен напаѓач!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Расмус Хојлунд ги нападна критичарите на Маркус Рашфорд откако англискиот репрезентативец имаше лош почеток на сезоната.

Рашфорд во изминатите месеци не се прослави и постигна само еден гол, а навивачите побараа од тренерот Ерик Тен Хаг да го отстрани од првиот состав.

„Не треба да го критикувате Рашфорд, тоа е напаѓач од светска класа. Зборуваме за фудбалер кој настапува на високо ниво од 19-годишна возраст. Кризата ќе помине“, кажа Хојлунд.