Холандска легенда го менува Лампард во Дерби Каунти


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Дерби Каунти потврдија дека му дале одврзани раце на Френк Лампард да преговара со Челси, па така легендарниот поранешен фудбалер на „сините“ е многу блиску до тренерската позиција на „Стемфорд Бриџ“.

Негов наследник во Дерби Каунти би требало да биде легендарниот поранешен холандски фудбалер, Филип Коку.

Коку имаше неколку одлични сезони како предводник на Феенорд и една неуспешна како тренер на Фенербахче.

Првиот човек на клубот, Мел Морис ќе го убедува холандскиот стратег да седне на клупта на Дерби Каунти. Сепак, Коку наводно бил загрижен затоа што минатогодишните најдобри играчи на клубот биле фудбалери кои престојувале на позајмица, па нема да бидат тука следната сезона.

Разврска на ситуацијата се очекува во следните неколку денови.