Холифилд му „одговори“ на Тајсон со опасен тренинг (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешниот светски шампион во бокс Мајк Тајсон напорно работи за да може подготвен да се врати во рингот.

Така во јавноста се појави негова видео-снимка на која се гледа дека уште не е за во пензија, без разлика на тоа што има 53 години.

Веднаш потоа на неговот видео пристигна и реакција од Ивандер Холифилд, со кого немаат расчистено сметки долги години.