Хрват е виновен за поразот на Ноле: Потегот пред финалето против Надал го чинеше скапо?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Само еден ден пред финалето на Ролан Гарос меѓу Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, хрватскиот тренер Горан Иванишевиќ даде изјава која според многумина го промени односот на силите.

Хрватскиот тенисер лесно го отпиша Надал, кој со убедлив триумф, сепак, го нокаутираше Ѓоковиќ во финалето.

„Според мене Надал нема никакви шанси во вакви услови, на ваков терен и со Новак кој веќе муи влезе во главата. Можеби претерав, но според мене Ноле е фаворит“, кажа тогаш Иванишевиќ.

Членот на тимот на Надал, Карлос Моја ја коментираше оваа изјава.

„Го познавам Иванишевиќ и ја разбирам неговата улога во тоа. Што се однесува до нас во стручниот штаб, на Надал никогаш не би му кажале такво нешто. Тоа е голем притисок за тенисерот“, кажа Моја.