Хрват од Челси стигнува во Милан!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот фудбалер на Челси стигнува утре на медицински прегледи во Милан, пренесоа влијателни италијански медиуми.

Марио Пашалиќ ќе биде ново засилување на Милан во оваа сезона.

Хрватскиот репрезентативец доби повик од Милан, сака да премине на позајмица во тој клуб и тоа ќе му се оствари утре, кога ќе ги помине медицинските прегледи.

Тој и понатака ќе биде играч на Челси, а интересно е дека не постои откупна клаузула кога е договорена меѓу двата клуба, па така младиот играч за врска ќе се врати одма по завршувањето на сезоната.

Пашалиќ во претходната сезона играше за Монако, на 16 мечеви во Лига 1 постигна  и 3 гола.