Хрватите бараат Ц. Звезда да биде исфрлена од Евролигата поради Украина!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Црвена Звезда загуби од Жалгирис Каунас со 98-103 во последното гостување во Евролигата оваа сезона, а мечот го одбележа сцена на самиот почеток.

Пред стартот на дуелот во Каунас домаќините земаа транспарент со порака „Запрете ја војната“ во украинските бои, додека кошаркарите на Ц. Звезда не сакаа да учествуваат во тоа.

„Вечерњи лист“ ги објави критиките на сметка на српскиот тим, по што направи анкета за своите навивачи дали треба Ц. Звезда да биде исфрлена од Евролигата затоа што не испратила поддршка до Украина.

„Тимот кој има спротивни ставови од прекин на војната во Украина треба да биде исфрлен од Еворлигата“, беше пораката, а околу 81 отсто од навивачите сметаат дека српскиот тим треба да биде дисквалификуван.