Хрватот жртва на преодниот рок: Нероаѕурите го продаваат за да доведат нови засилувања


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер ќе мора да го жртвува Марсело Брозовиќ и да го продаде до крајот на преодниот рок бидејќи им се потребни пари за доведување на Жоао Марио, тврдат италијанските медиуми.

Нероаѕурите за хрватскиот играч за врска бара 25 милиони евра, а најголем интерес за него покажа Атлетико, но го сакаат и Ливерпул и Арсенал.

На Интер продажбата на некои звучни имиња е многу потребно со цел да се испочитува финансискиот фер плеј.

Истотака се наведува дека, во случај да замине Мауро Икарди, од Кина ќе го доведат Алекс Тешеира.