Хрватски репрезентативец на чекор од виолетовиот дрес


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Ведран Чорлука кариерата ќе ја продолжи во Фиорентина, пренесоа денеска италијанските медиуми.

Московска Локомотив и Виолетовите, според наводите на медиумите, постигнаа договор и Чорлука во Италија ќе стигне на позајмица, со тоа италијанскиот тим на крајот на сезоната ќе има можност да го откупи договорот на хрватскиот дефанзивец.

Чорлука во Локомотив е од 2012 година, а договорот со московскиот клуб му истекува во јуни 2018 година.

Тој во кариерата играше уште за загребски Динамо, Интер Запрешиќ, Манчестер Сити, Тотенхем и Баер Леверкузен.