Хулигани го нападнаа домот на директорот на Манчестер Јунајтед Ед Вудворд


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Протестот на приврзаниците на Манчестер Јунајтед против сегашното управување на клубот се чини ескалираше.

Група од навивачи на Црвените ѓаволи вечерва отидоа до куќата на извршниот директор на клубот, Ед Вудворд за да фрлаат факели и димни бомби во дворот и на фасадата.

Група од околу 20 фанови за кои се верува дека се дел од групата „Човек во црно“ се собраа пред вилата вредна 2 милиони фунти, да го искажат ставенот дека изгубиле трпение.

Хулиганите прво се собраа околу палатата на Вудвард и се огласија преку мегафон. Откако никој не се појави, тие почнаа да прскаат со црвена боја и да фрлаат црвени димни бомби пред да ја погодуваат самата куќа со огномет.

Навивачите на Јунајтед секако сакаат првиот човек на клубот да го напушти овој славен тим по низа неуспешни години. Тие претходно го бараа тоа, но Вудвард ги игнорираше нивните барања секој пат.

Патем, ова не е првпат лутите навивачи на Јунајтед да ги напаѓаат домовите на вработените во овој клуб. Така, во октомври 2010 година, тие упаднаа во домот на Вејн Руни, откако се појавија информации дека тој сакал да го напушти клубот. Потоа му порачаа: Одиш во Манчестер Сити, мртов си!

Ќе видиме како Ед Вудвард реагира на овие закани.