Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Средбата од третото коло во групната фаза од јуниорската Лига на шампиони помеѓу Олимпијакос и Баерн Минхен не помина како што сите очекуваа, зашто во еден момент мечот беше прекинат.
Група маскирани хулигани наеднаш се појавија на теренот и тргнаа да ги тепаат членовите на клубовите кои беа на клупите, а фудбалерите почнаа веднаш да бегаат.
Сепак, ситуацијата се смири, па беше спречен посериозен инцидент, а мечот продолжи и заврши 4-0 во корист на Баварците.
Олимпијакос сигурно ќе биде казнет поради овој инцидент, зашто такво нешто е строго казниво од страна на УЕФА, а засега не се познати мотивите на хулиганите да влезат на теренот, иако се шпекулира дека било незадоволството од резултатот на мечот.