Хулиганот кој го прекина мадридското дерби доби доживотна забрана


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Атлетико Мадрид соопшти дека хулиганот, кој го гаѓаше Тибо Куртоа со различни предмети, добил доживотна забрана за влез на стадионот „Ванда Метрополитано“.

Натпреварот беше прекинат во завршницата, кога Куртоа се пожали дека навивачите на Атлетико фрлаат различни предмети кон него.

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне заедно со неговите избраници ги смирија навивачите, а по дуелот беше соопштено дека се бараат виновниците за хаосот.

„Нашата безбедносна служба продолжи со работа со полиција да се идентификуваат и останатите напаѓачи“, соопшти Атлетико.