Хуман гест на фудбалерот на Партизан по прогласената вонредна состојба поради коронавирусот (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вчера е прогласена вонредна состојба во Србија поради пандемија на коронавирус.

Многу од забраните се однесуваат претежно на лица над 65 години и од нив е побарано да не ги напуштаат своите домови. Властите во Србија ветија помош за стари лица во однос на снабдувањето со храна, а акцијата веќе започна.

Српските медиуми објавија дека во акцијата учествувал и фудбалерот на Партизан, Лазар Марковиќ, кој го ангажирал семејството, а во наредниот период ќе се грижат за постарите кои живеат во нивното соседство.

Овој потег на играчот на Партизан ја воодушеви јавноста во Србија затоа што е јасно дека Марковиќ мора да биде во изолација. Но, тој сето тоа го остави настрана за да и помогне на најранливата група.