Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поминаа речиси три месеци од хеликоптерската несреќа на прославениот кошаркар Коби Брајант. Тој заедно со неговата ќерка Џиџи и останатите патници го загуби животот по падот на леталото, а неговата сопруга Ванеса остана сама со нејзините три ќерки.
Трагедијата на легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс го потресе целиот свет, а најмногу неговата сопруга Ванеса, која вчера прослави 19-годишнина од нивниот брак со една фотографија од архивата.
„Мој крал, срце мое, мој најдобар пријател. Многу ми недостигаш. Би сакала да си тука и да ме држиш во прегратка. Те сакам“, напиша Ванеса.