И Киргиос додаде сол на раната на Ѓоковиќ со едноставно прашање (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ беше дисквалификуван од УС Опен бидејќи со топка ја удри судијката во главата, реакцијата која се очекуваше секако беше на Ник Киргиос.

Контроверзниот Австралиец е познат како личност која навистина не го сака српскиот тенисер и не би било логично ако не се изјасни по скандалот со Флешинг Медоус.

Киргиос е познат како непослушно момче во светот на тенисот, тој учествуваше во голем број скандали, па не е ни чудно зошто дополнително го мачи Ѓоковиќ со едноставно прашање.

“Заменете ме мене и Новак во овој инцидент. Случајно удирајќи во грлото на собирач на топки. Колку години би добил забрана? 5, 10 или 20 години”, праша Киргиос на Твитер.

Освен што го исфрлија Ѓоковиќ, УС Опен го казни Ѓоковиќ со одземање на освоените бодови и нема да му бидат доделени парите што ги заработи на претходниот дел од турнирот.