И Липи го тера Алегри во Манчестер Јунајтед: Би бил идеален наследник за Солскјер…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако вчера Фабио Капело го советуваше Масимилијано Алегри да го одбие Баерн Минхен и да оди во Манчестер Јунајтед, со сличен коментар денес се јави и Марчело Липи.

Легендарниот Липи истакна дека Манчестер Јунајтед би бил идеалниот тим за Масимилијано Алегри, а стратегот би бил идеален за клубот доколку Оле Гунар Солскјер си замине.

„Алегри ќе биде одличен каде и да оди, а затоа што тој е голем поддржувач на англискиот фудбал, би бил среќен доколку заврши таму. Манчестер Јунајтед е историја во англискиот фудбал. Имаат црни години зад себе, но клубот е фантастичен, од вработените до играчите, сите можат да кажат што значи да се биде дел од Манчестер Јунајтед.

Можам да кажам дека Солскјер беше неверојатен напаѓач и добар тренер. За Алегри би кажал дека тој е огромен професионалец кој го има Јувентус во својата крв. Моето длабоко пријателство со Сер Алекс ми дозволува да кажам дека тој ќе биде најдобар избор за Манчестер Јунајтед“ –изјави Липи.