И покрај бомбастичните најави, сепак ништо од Венгер во Баерн Минхен: Французинот сам се понудил, но…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите во Германија пренесуваат различни вести околу можноста Арсен Венгер да седне на тренерското столче на Баерн Минхен.

„Кикер“ денес пренесе дека работата е готова и дека Венгер уште утре треба да се упати кон Германија каде ќе ги допрецизира деталите од договорот пред да го преземе клубот до крајот на сезоната.

Сепак, сега многу поупатениот „Скај Германија“ пренесува дека Венгер сам го побарал Карл Хајнц Румениге за да му каже дека е заинтересиран за позицијата, меѓутоа добил одбивен одговор од првиот човек на клубот.