И покрај одличните игри Зидан не смета на него: Талентот на Реал следната година во Ајакс


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Од таборот на Реал Мадрид се отворени да го пуштат Мартин Одегард во редовите на Ајакс кој силно го посакува во своите редови.

Норвешкиот фудбалер би требало да потпише договор за двегодишна позајмица со Ајакс, а веднаш потоа би останал во клубот како слободен агент.

Иако пред четири години дојде како најголемо чудо од дете во Реал Мадрид и уште тогаш се предвидуваше блескава иднина, сепак Одегард не успеа да се избори за место во тимот на „кралскиот клуб“.

Фудбалерот кој годинава настапува за Витезе игра сосема солидна сезона во која има постигнато осум погодоци на кои додал уште девет асистенции. Одегард константно игра на високо ниво во холандската лига, па токму затоа го привлече вниманието на гигантот Ајакс кој годинава ќе игра во полуфиналето од Лигата на шампионите.