И приватен авион стигна по Харт: Миха од утре има топ голман?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Голманот на Манчестер Сити е се поблиску до преселба во Торино.

Челниците на Торино испратија приватен авион во Англија кој утре треба да го доведе Џо Харт во Италија доколку успеат да се договорат со Граѓаните околу едногодишна позајмица.

Искусниот 29-годишен голман на репрезентацијата на Англија изрази желба пред челниците на Сити да се пресели во Серија А, после што Сандерленд се откаже од негово ангажирање, а во текот на вечерва се водени исцрпувачки преговори меѓу двете страни.

Нормално, најголема причина за разговор е високата плата од 3.7 милиони евра по сезона, а според информациите, двата клуба ќе финансираат за оваа сума, со тоа што Манчестер Сити ќе плаќа 70 %, а Биковите 30 %.

Истотака, Торино не е единствен италијански клуб кој го сака Харт во овој момент. Според информациите на Апенините, и Наполи е заинтересиран, што не е случај на пример со англиските клубови. Всушност, ниту еден клуб од Островот не го сака пред голот репрезентативецот на Англија, а Роналд Куман поприлично го уби моралот на Харт со изјавата дека не е заинтересиран да годоведе.

Како што многу позиции на голманите во топ европските се зафатени, Харт ќе мора да се помири со понудата од клубот кој го тренира Синиша Михајловиќ или да се бори за место со очигледно фаворизираните голмани во однос на него Виљијам Кабаљеро и Клаудио Браво.