И Реал финансиски профитираше од трансферот на Игуаин


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Аргентинскиот репрезентативец Гонзало Игуаин пред неколку дена потпиша за Јувентус, а од неговиот трансфер финансиски корист ќе има и Реал Мадрид.

Довчерашниот клуб на аргентискиот напаѓач, Наполи, на име оштета инкасираше околу 90 милиони евра, но благодарејќи на “механизмот на солидарност“ од трансферот на Игуаин ќе заработи и Реал. Имено, „механизмот на солидарност“ клубови во кои играчот настапуваше од 12 до 15 години осигурано и се 0.25 %, а од 16 до 23 години 0.5 % од вкупниот трансфер.

Бидејќи Игуаин во Реал стигна во 2007 година, кога имаше 19 години на мадридскиот клуб ќе и припаднат 2.5 % од вкупниот трансфер, односно 2.25 милиони евра.