И Русите најавија враќање во терените

Премиерлигата на Русија во фудбалот ќе продолжи.

Иако нема да брзаат да се вратат на теренот, Русите решија да го продолжат шампионатот прекинат со пандемијата на коронавирусот, а натпреварите се очекува да започнат на крајот на мај, како што се очекува и на другите европски натпреварувања.

„Позицијата на УЕФА е да се продолжат шампионатите. За нас ќе биде исто, но нема потреба да брзаме. Да почекаме до крајот на мај и да видиме како ќе изгледаат работите“, рече директорот на Зенит Александар Медведев.

Сигурно е дека Русите ќе го продолжат шампионатот без присуство на публиката, а нема да има премногу време за одмор бидејќи почетокот на следната сезона е планиран за 30. август.