И Саутгејт бил изненаден од лошата игра на Македонија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англија вчера славеше со 7-0 против Македонија и направи чекор напред кон пласман на Европското првенство (ЕП) во 2024 година.

„Гордиот Албион“ немаше милост за македонските фудбалери, а натпреварот засекогаш ќе го памети Букајо Сака кој го постигна првиот хет-трик.

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт кажа дека очекувал поинаква Македонија на теренот и поголем отпор од нашите репрезентативци.

„Искрено, не очекував ваква Македонија. Знам дека можат многу подобро. Мислам дека ние не им дозволивме да играат добро. Пресреќен сум поради момците“, кажа Саутгејт.