Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Гонѕало Игуаин изминатата сезона сигурно беше едн од најтурбулентните во досегашниот дел од неговата кариера.
Изминатото лето Јувентус одлучи да го испрати Игуан на позајмица во Милан откако клубот го зема Кристијано Роналдо, а Максимилијано Алегри одлучи дека Марио Манџукиќ останува во екипата и дека за Аргентинецот нема место.
Игуаин во Милан помина се на се шест месеци, а на почетокот на оваа година отиде во Челзи на позајмица до крајот на сезоната. Ни во Челзи не му одеше најдобро и се врати во Јува каде за изненадување на многумина остана во тимот бидејќи Маурицио Сари верува во него, а Игуаин тоа поверение го оправда на многу начини.
Но, да се навратиме на периодот додека Игуаин беше во Милан кој од сезона во сезона се повеќе и повеќе тони. Аргентинецот требаше да биде огромно засилување, но на Сан Сиро се задржа само шест месеци.
Игуаин во дресот на Росонерите одигра 22 натпревари и постигнато осум погодоци. Тоа клубот го чинеше како да игра неколку сезони.
Имено, Милан му плати на Јувентус дури 10,28 милиони евра за шест-месечната позајмица, а во тоа не е вклучено колку издвоиле за плата.
Аргентинецот за само шест месеци си замина во Челзи, а Јуве од позајмиците заработи околу осум милиони евра и мора да се признае дека заработиле и огромна сума на пари за играчот кој и понатаму е под нивна закрила. На Јувентус му припаднаа околу 18 милиони евра.