„Ибра ќе ги воодушеви нашите навивачи во следната сезона!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо е уверен дека Златан Ибрахимовиќ ќе ја искористи шансата на Олд Трафорд.

Одличниот Швеѓанец потпиша едногодишен договор вреден дури 12.4 милиони евра, а ова ќе му биде деби во Премиер лигата.

„Ги освојуваше некои од најсилните лиги, а сега има шанса да игра во најдобрата. Знам дека ќе ја искористи оваа шанса, за со напорна работа да ни помогне да ја освоиме титулата“, рече Мурињо.

Ибрахимовиќ е вистинска птица преселница, но и мамец за трофеј. Така беше шампион во Холандија со Ајакс, во Италија со Интер,л Милан и Јувентус (одземена поради аферата за местење),  Шпанија со Барселона  Франција со ПСЖ, а играше и за шведски Малме.

„Сигурен сум дека неговиот талент ќе ги воодушеви сите навивачи на Јунајтед во следната сезона и дека неговото искуство ќе биде од непроценлива вредност за младите играчи“, заклучи Португалецот.

Ибрахимовиќ во текот на кариерата на 677 натпревари постигна 392 голови, во минатата дури 50 за францускиот шампион, а освојуваше барем еден трофеј во секоја сезона во последните 15 години.

Сепак, она што му недостасува е Лигата на шампионите.