Ибра не треба да го провоцирате, а тоа го покажува сценава од „Меаца“ ?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ е повторно јунак на Милан. Тој го реши градското дерби против Интер (2-1) во кое постигна два гола за неговиот тим.

Ибра постигна два гола, а по вториот гестикулираше со рака дека сака да испрати порака до некој да продолжи само да зборува.

По мечот новинарите го прашаа зошто го направил тоа, а Швеѓанецот одговори дека му испратил порака на некој на трибините.

„Некој од трибините нешто ми пееше и му порачав дека ова е за него. Не се чувствувам како лав, туку јас сум лав. Уште сме на почетокот. Постои можност да го освоиме Скудетото“, кажа Ибрахимовиќ на прашањата на новинарите.