Ибрахимовиќ: Ако сака Малдини, тогаш ќе останам во Милан!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ даде интервју за италијанските медиуми и кажа дека не сакал да ги добие прашањата пред разговорот за да биде природен.

Ибрахимовиќ зборуваше и за мечот против Верона на кој не беше во составот, но му даде поддршка на тимот.

„Јас сум Златан и чувствувам одговорност да бидам со тимот. Гледам дека го почитуваат тоа што го кажувам и сакам да им помогнам“, вели Ибра.

Ибра доби прашање и дали ќе остане во Милан следната сезона, на што даде јасен одговор.

„Не знам. Ако Паоло Малдини сака да остане, тогаш јас ќе останам уште една сезона. Одиме чекор по чекор“, кажа Швеѓанецот.