Ибрахимовиќ е машина: Шест месеци играв без вкрстен лигамент, страдав, не спиев…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ имаше операција на коленото, кое го мачи долго време, па сега го чека пауза од седум-осум месеци.

Ветеранот има 40 години и призна дека играл со големи болки, па некогаш не можел ниту да спие, но никогаш не се откажал од желбата да му помогне на Милан да го освои Скудетото.

„Последниве шест месеци играв без вкрстен лигамент во коленото. Постојано ми беше потечено, а примив повеќе од 20 инјекции. Пиев апчиња против болки. Никогаш не сум страдал толку многу. Направив нешто невозможно. Во мојот ум имав само една цел, а тоа е да станеме шампиони на Италија“, кажа Ибрахимовиќ.