Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Милан вечерва игра против норвешки Бодо-Глимт во третото квалификациско коло од Лига Европа, но нема да може да смета на Златан Ибрахимовиќ.
Во Милано најпрво бразилскиот стопер Лео Дуарте беше позитивен на вирусот, а сега пристигна вест и за Ибрахимовиќ.
Наместо Ибра во нападот вечерва ќе игра младиот Коломбо, а „росонерите“ без Швеѓанецот би можеле да бидат и против Кротоне за Серија А, но најважно е да се рехабилитира успешно.
Во секој случај, Милан има проблеми бидејќи не може да смета на еден од најдобрите фудбалери. Да потсетиме, Ибра во понеделникот му донесе победа на својот тим против Болоња.