Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ гостуваше кај познатиот новинар Пирс Морган и зборуваше за многу теми, меѓу кои и неговиот однос со Пеп Гвардиола.
Ибрахимовиќ објасни како се развивал неговиот однос со Гвардиола.
„Мислам дека Гвардиола е одличен тренер, кога бев во Барселона тоа беше поинакво искуство. Човекот е успешен, никогаш не заврши трет. Меѓутоа морав да се соочам и со личноста која стои зад тој тренерски гениј. Му кажав на Гвардиола да ми каже дали имам голем нос, дали одам чудно, дали нешто го мачи кај мене. Сè ќе решиме. Се обидов да се вклопам во Каталонија, но не бев вистинскиот. Сè беше во ред шест месеци, но потоа моравме да разговараме“, вели Ибрахимовиќ.