Ибрахимовиќ го продолжи договорот, и ги воодушеви навивачите на Милан со порака на Инстаграм


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Искусниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ вчера официјално го продолжи договорот со Милан на уште една година.

Швеѓанецот воодушеви од своите игри откако во јануари пристигна на „Сан Сиро“ како слободен играч. Тој имаше шестмесечен договор, но од Милан јасно ставија до знаење дека сакаат да го задржат.

Иако веќе има 38 години, Ибра покажа дека е вистинско засилување, и дека има уште што да покаже на теренот. По неколку недели преговори, тој се согласи на нов договор, кој официјално го потпиша вчера.

Откако потврди дека ќе остане во Милано, искусниот напаѓач се огласи на Инстаграм, но имаше само два збора за неговите фанови на Милан со двата збора „Мојот дом“.

View this post on Instagram

My Home @acmilan

A post shared by Zlatan Ibrahimović (@iamzlatanibrahimovic) on