Ибрахимовиќ: Гвардиола ме предупреди да не доаѓам со „Ферари“ (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ даде големо интервју по завршување на кариерата на крајот на минатата сезона.

Ибрахимовиќ гостуваше во емисијата на Пирс Морган, а целото интервју се очекува да биде објавено во следните денови.

Легендарниот фудбалер раскажа детали од првата средба со тренерот Пеп Гвардиола кога стана играч на Барселона.

Ибрахимовиќ во својата автобиографија се нарекува „Ферари“, кое Гвардиола го „возел како Фиат“, а во емисијата раскажа интересна анегдота.

„Гвардиола ме предупреди да не доаѓам со Ферари. Знаете што направив? Го паркирав моето е*ено Ферари“, кажа Ибрахимовиќ.