Ибрахимовиќ ќе остане во Милан, ама под еден услов!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ нема намера ова лето да ја заврши кариерата, па ќе потпише договор на уште една сезона со италијанскиот шампион Милан.

Ибрахимовиќ беше најплатен во Милано со 6,5 милиони евра неделно, но сепак за да потпише нов договор ќе мора да прифати огромно намалување на платата, па така следната сезона би можел да добие „само“ 1,5 милиони евра.

Швеѓанецот се врати кај „росонерите“ по вторпат и успеа да им помогне да ја освојат титулата во Серија А и повторно да изборат место во Лигата на шампиони (ЛШ), каде што ќе имаат поголеми амбиции следната сезона.