Ибрахимовиќ се враќа: Милан доби големо засилување за мечот против Торино!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Не можеше да им помогне на соиграчите во дербито против Јувентус, но ќе биде во конкуренција за тимот на Торино.

Тренерот Стефано Пиоли очекуваше да се врати во текот на следната недела, но Швеѓанецот оздраве на време за дуелот со Торино.

Ибрахимовиќ имаше повреда на бутниот мускул во завршницата од мечот против Наполи на 22 ноември, а потоа го повреди и листот, па пропушти осум натпревари.

Во екипата се очекува да биде и Хакан Чаланоглу, кој имаше проблеми со скочниот зглоб, но поради повреда нема да игра Алексис Салемакерс.

Милан е првопласиран со 37 бодови, односно еден повеќе од второпласираниот Интер и четири повеќе од Рома.