Ибрахимовиќ залудно се израдува на „осумката“ од Мата


Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ во минатата недела потпиша едногодишен договор со Манчестер Јунајтед и стана најголемо засилување на Црвените ѓаволи за новата сезона.

Каде е Златан, тука е шоуто, кое не изостана ни на самото претставување во новиот клуб.

Кога на Швеѓанецот му е врачен црвениот дрес на Јунајтед, запрашан е кој број ќе го носи.

Слушна дека тоа ќе биде „осумката“, која некогаш ја носеше во Интер, и навистина се израдува.

Сепак, Ибрахимовиќ во Јунајтед ќе носи некој друг број кој сеуште не познат.

Манчестер Јунајтед допрва треба да ги претстави сите фудбалери за новата сезона, а нивните броеви ќе бидат дополнително одредени.

Да потсетиме, моментално фудбалер на Манчестер Јунајтед кој на дресот го носи бројот осум е Хуан Мата, кој после претставувањето на Ибрахимовиќ речиси сите светски медиуми го преселија од Олд Трафорд.