Ибрахимовиќ тргна по босански фудбалер, а Рома веќе испрати понуда


Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Младиот фудбалер кој настапува во Шведска е на прагот на трансфер на кариерата, а за неговите услуги заинтересирани се Милан и Рома.

Станува збор за Кевин Пашалиќ кој моментално е фудбалер на ИФК Норчепинг од Шведска, а договорот му истекува до крајот на овој месец.

Тој така ќе промени клуб како слободен играч, а најголем интерес за него покажаа Милан и Рома.

Рома веќе испрати понуда до адресата на Кевин Пашалиќ, но сега во целата приказна се вмеша Златан Ибрахимовиќ и Милан.

„Ексклузивно, Милан испрати понуда за да го потпише талентираниoт Босанец кој игра на позицијата стопер, а станува збор за Кевин Пашалиќ.

Рома исто така испрати понуда во протеклите денови, а Милан сега се вклучи во трката и ќе се обиде да го заврши договорот следната недела“, пишува Романо.

Оваа сезона Пашалиќ одигра 12 натпревари за У19 екипата на ИФК Норчепинг, но не дебитираше за првиот тим.

Фото: Принтскрин