Иџе беше блиску до подиум, но на крајот заврши претпоследен во Монца


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе не се прослави на првата од двете планирани трки во Монца, иако во поголемиот дел од трката беше блиску до подиум.

Иџе имаше одлична трка и беше третопласиран се до самиот крај кога се обиде да стигне до втората позиција, меѓутоа тогаш по еден судир излета од патеката.

Успеа да се врати Иџе на патеката, но загуби многу позиции и на крајот заврши на 14. позиција како претпоследен. Утре ќе се вози втората трка во Монца.